Costa Favolosa

Costa Favolosa

Costa Favolosa своето прво патување го имал во 2010та година како еден од петте бродови од проширувањето на Costa флотата. Тој како и својот сестрински брод Costa Fascinosa своето име го добил по случаен избор по предлозите на илјадници туристички агенти и патници на Costa бродовите. Favolosa преведено од италијански значи фабулозен.

Бродот е декориран во многу драматичен стил со детаљи кои потсеќаат на готските стилови. Големиот атриум сјае, не само од декорацијата туку и со одлична забава за целото семејство. За забава на најмладите дури има и посебно наменет базен, со тобогани. Навечер можете да погледнете филмови покрај базенот со целото семејство.

Доколку сакате уметност подгответе се да бидете восхитени. На Costa Favolosa можете да пронајдете преку 400 оригинални уметнички дела, како и повеќе од 6000 принтови. Доколку сакате да се забавувате на располагање го имате 4D киното, како и театар на три нивоа каде можете да осетите некој перформанс. Доколку сакате малку поинтензивна забава, можете да си ја испробате среќата во казиното или да танцувате цела ноќ во дискотеката. На бродот се наоѓа и Gran Prix симулатор.

За кога ќе бидете гладни Costa Favolosa ви нуди 5 места за ручање, меѓу кои Club ресторанот и Samsara ресторанот. Доколку сакате да се напиете некоја пијачка можете да бирате помеѓу 13 барови меѓу кои Cognac & Cigar Bar и Coffee & Chocolate Bar

Поаѓања од Савона

Дестинација Дата Пристаниште Бр.Ноќи Цена
  Italy, France, Spain, Portugal
  
  01/10/19
  
  Savona
  
  10
  
  299
  
  Italy, France, Spain, Portugal
  
  11/10/19
  
  Savona
  
  10
  
  349
  
  Italy, France, Spain, Portugal
  
  31/10/19
  
  Savona
  
  10
  
  309
  

Пристанишни такси: 160 Еур

Цената вклучува:

  • Крстарење со бродот по програмата
  • Сместување во избраната кабина (купатило/WC, клима, сеф, фен, тв)
  • Проширен полн пансион на бродот (вечера, полноќна закуска, доручек, ручек, ужина)
  • Свечена вечера и наздравување со капетанот
  • Целодневни анимации
  • Забавен вечерен програм во салоните и баровите со музика во живо
  • користење на бродските простории и опрема (библиотека, фитнес центри, базен, лежалки на палуба, сауна, пешкири…)
  • Представи во театар
  • Влезници за казино, ноќни клубови
  • Спортски активности (аеробик, stretching, bodydancing, и слични активности со инструктор во сали)
  • Дневни активности (игри, лов на изгубено злато, квизови, турнири, караоке, танц курсеви…)

Цената не вклучува:

  • Бакшиш
  • Пијалоци на брод
  • Излети на копно
  • Третмани во wellness центри и козметички салони, лични фитнес тренинзи со инструктор
  • Медицински услуги
  • Costa осигурување

Ве молиме да побарате програма за одреден брод дата*



rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale