Сингапур – Малезија – Тајланд

Costa Mediterranea

Costa Mediterranea e изграден во 2003та година и своето прво патување го имал истата година на 16ти Јуни. Во 2013та година е подложен на реновирање. Особено интересно кај овој брод е што неговите палуби сите се наречени според италијанските имиња на повеќе митски суштества.

Инспириран од стилот на италијанските палати од 17ти и 18ти век, Costa Mediterranea ќе ви покаже дека еден брод за крстарење може да биде парче уметност. Дури и во гламурозниот Argentieri Restaurant ќе добиете сребрен прибор за јадење. Во вашите кабини со луксузни детаљи ќе се чувствувате воздигнато и ќе имате повеќе од доволно простор во вашиот дом, надвор од дома.

На бродот се наоша спа центарот Ischia Spa кој е распостелен на две нивоа и е дизајниран да ве ослободи од стресот. Во центарот ќе најдете, прекрасен солариум, соби за третмани, теретана, сауна, како и луксузна турска бања. Бродот исто така располага со 4 џакузија за да ја исчистите тензијата во вас. Кога ќе сакате да се ослободите од вишокот енергија, тука е спортскиот комплекс ос трака за џогирање која се наоѓа на отворено. Доколку сакате пливање, на бродот се наоѓаат 4 базени, од кои едниот со повлекувачки крови и тобоган.

Кога ќе помислите на храна, Costa Mediterranea ви нуди четири фантастични ресторани како и места кои нудат друг вид на храна, меѓу нив: Club Medusa, the Perla del Lago Buffet, Burger d’Autore, the Ristoranti degli Argentieri and the Club Restaurant. Кога ќе сакате да ја изгасите вашата жед, меѓу другото на располагање ви се и Wine Bar и Cognac and Cigar Bar.

Ден 1 – Скопје – Истанбул – Сингапур

Состанок на патниците на аеродромот Скопје 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 (лет ТК 1006). Оброк во авион. Слетување во Истанбул во 00:25. Полетување за Сингапур во 01:55 (лет TK 54) на 30.12.2020. Оброци во авион.

Ден 2 – Сингапур

Слетување во Сингапур во 17:35. По царинските и пасошки формалности трансфер до хотелот Park Royal on the Beach road 4*, ноќевање. Инфраструктурата на островската република ви овозможува уживање на бројни локации и атракции безбедно, чисто и зелено опкружување. Сингапур уште го викаат и Garden City заради бројните градини паркови и бујна вегетација. Неговата убавина ја дополнува и културното наследство.

Ден 3 – Сингапур

Појадок. Можност за факултативен разглед на Сингапур. Градот ги обединува неколкуте религии и култури, малајската, кинеската, арапската, индиската и англиската. Островот лежи на еден степен северно од екваторот и ги опфаќа Сингапур и 58 помали острови. Сингапур како главен град зафаќа 1/3 од главниот остров. Секоја енклава има свој специфичен шарм, од ароматичните продавници на зачини Little Indiа, трошната Кинеска четврт, или арапскиот дистрикт.

Ден 4 – Сингапур

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности.

Ден 5 – Сингапур – Испловување

Појадок во хотелот. Слободно претпладне до трансферот за бродот околу 12:00 часот. Чекирање на бродот Коста Медитеранеа. Уживање во содржините на бродот. Испловување во 20:00 часот.

Ден 6 – Пловидба

Ден за уживање во содржините на бродот Коста Медитеранеа.

Ден 7 – Лангави – Малезија

Најпознатиот малезиски остров – туристичка дестинација. Можност за уживање на преубавите плажи или факултативни излети

Ден 8 – Пукет – Тајланд

Најпозната и најпосакувана туристичка дестинација на Тајланд. Два дена можност за уживање во убавините на Пукет. Тајланд, земјата на слободата и насмевките како популарно се нарекува, ќе ви понуди уживање во природните убавини, запознавање со будистичките културно историски споменици, вкусната храна и незаборавен ноќен живот. Да не ја заборавиме и тајландската масажа.

Ден 9 – Пукет – Тајланд

Тајланд е единствената земја од индокинескиот полуостров која ја сочувала сопствената слобода во колонијалното време. Заради своите убавини, гостопримливоста и својот шарм со децении наназад ги привлекува туристите од целиот свет. Најдобро ќе ја доживеет ако малку “подзастанете”, ако гледате на работите онака како што на нив гледаат тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот таков каков што е и уживаат во се…

Ден 10 – Пенанг – Малезија

Градот George Town е град на уличната уметност и рај за храна на тој дел од светот. Уживаме истражувајќи го овој колоритен град.

Ден 11 – Порт Кланг – Куала Лумпур

Можност за факултативен разглед на Куала Лумпур во траење од 6 часа. Ќе бидете воодушевени од бројноста на бродскиот сообраќај. Малезија е една од најразвиените држави во Азија. Се наоѓа на Малезискиот полуостров, се состои од 13 држави – покраини и еден федерален дистрикт и, еден дел на островот Борнео – Саравак и Сабах, стратешки поставени на многу значајна географска положба помеѓу Кинеското море и Индискиот океан до кој води многу значаен поморски пат низ теснецот малака по кој и ние пловиме.

Ден 12 – Сингапур

По завршувањето на формалностите за искрцување од бродот, целодневна посета на островот Сентоса, островот на забавата, можност за користење на плажа и сл.Трансфер до аеродромот Чанги околу 17:00 часот. По чекирањето за нашиот лет, разглед на најголемата градина и фонтана на затворено на терминалот 2 на аеродромот Чанги. Полетување за Истанбул во 23:35 (лет ТК 55). Оброци во авион.

Ден 13 – Истанбул – Скопје

Слетување во Истанбул во 06:15 часот на 10 јануари. Полетување за Скопје во 08:30. Оброк во авион. Слетување во Скопје во 08:10.



rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale