Хотели Хавана

« НАЗАД

ХАВАНА

ХАВАНА е главниот град на Куба со 3 милиони жители и е политички, културен и административен центар. Градот е богат со историски споменици кои говорат за мешавината на разни култури и влијанија. Со својата колонијална архитектура, бројните ексклузивни хотели и барови, привлекува голем број туристи од целиот свет.
Хавана (шпански: La Habana) е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: “Ciudad de la Habana”) е една од покраините на Куба.
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Веласкез де Куелјар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана бил првобитно трговско пристаниште, а станал главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот свет.
Современа Хавана во суштина може да се опише како три града во еден. Старата Хавана, Ведадо и поновите приградски населби.
Стар дел на Хавана, со тесни улички и надвиснати балкони, е центарот на трговијата, индустријата и забавата во Хавана.
Новиот дел на Хавана познат како Ведадо , е центарот на ноќниот живот и шопинг.
Во третиот дел на Хавана се наоѓаат побогатите станбени и индустриски области.
Во 1980 година многу делови од стар дел на Хавана, вклучувајќи го и “Plaza de Armas”, станаa дел од 35-годишниот проект – реставрација, на Кубанците под мотото “да го цениме нашето минато” и “поттикнување на туризмот”. Во изминатите десет години, со странска помош и со поддршката на локалните власти, големи делови од Хабана Виеја се реновирани. Градот се движи напред со реновирањето на повеќето од главните плоштади (Плаза Винеја, Плаза де ла Катедрал, Плаза де Сан Франциско и Плаза де Армас) и главните туристички улици (Обиспо и Меркадерес) .

★★★★★
Хотел Иберостар Parque Central

★★★★★
Meliá Cohiba – Havana

★★★★★
Meliá Habana – HAVANA

★★★★★
NACIONAL DE CUBA – HAVANA

★★★★
NH Capri La Habana

★★★★★
SANTA ISABEL – HAVANA

★★★★
TRYP HABANA LIBRE
rolex replica
rado replica uk
breitling replica sale
rolex replica sale
replica rolex sale