КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН И АТЛАНТИК

cruise vistas

КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН И АТЛАНТИК

ГРУПНО ПОАЃАЊЕ СО ВОДИЧ ОД СКОПЈЕ

Поаѓање: 03ОКТОМВРИ 2021

 

Day Date Port Arrival Departure
Mon 04/10/2021 Genoa, Italy 17:00
Tue 05/10/2021 Barcelona, Spain 13:00 18:00
Wed 06/10/2021 Day at sea
Thu 07/10/2021 Casablanca, Morocco 08:00 22:00
Fri 08/10/2021 Day at sea
Thu 09/10/2021 Santa Cruz de Tenerife, Spain 08:00 17:00
Fri 10/10/2021 Funchal (Madeira), Portugal 09:00 17:00
Sat 11/10/2021 Day at sea
Sun 12/10/2021 Malaga, Spain 08:00 14:00
Mon 13/10/2021 Day at sea
Tue 14/10/2021 Civitavecchia (Rome), Italy 09:00

map of the cruise

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1ден     03.10.2021           СКОПЈЕ – ТИРАНА

Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски во 20:00 часот. Поаѓање за Тирана преку Охрид со автобус. Попатно укрцување на патници во Охрид околу 23:00 часот пред хотелот Дончо.

2ден     04.10.2021           ТИРАНА – ЏЕНОВА

Пристигнување на аеродромот во Тирана околу 03:00 часот. Полетување за Рим во 05:25 часот. Слетување во Рим во 06:50 часот. Полетување за Џенова во 09:30 часот. Слетување во Џенова во 10:35 часот. По завршување на пасошките и царински формалности организиран превоз до пристаништето на МСЦ во Џенова. Процедура за чекирање на нашиот брод МСЦ СПЛЕНДИДА. Почеток на крстосувањето.

3ден     05.10.2021           БАРСЕЛОНА      13:00 – 18:00

Можност за факултативен разглед на Барселона во траење од 3 часа. Автобуски разглед на неколку значајни обележја на градот, Шпанско село, Монжуик, Саграда Фамилија на Антонио Гауди како и куќите Мила и Батљо, плоштадот Каталонија и улицата Рамбла.

4ден     06.10.2021           Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

5ден     07.10.2021           КАЗАБЛАНКА   08:00 – 22:00

Можност за факултативен разглед на Казабланка. Основан од Картагените кои го нарекле Анфа, градот со денешен изглед е целосно изграден по катастрофалниот земјотрес во 1755 година. Панорамски ќе ги разгледаме главните улици и плоштади, кратко застанување во Habous деловите и локалниот пазар да го почуствуваме секојдневниот живот во градот. Ќе ја посетиме катедралата Notre Dame de Lourdes како и најзначајното обележје величествената џамија на Хасан II, најголемата џамија во исламскиот свет по онаа во Мека. Слободно време за шопинг.

6ден     08.10.2021           Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

7ден     09.10.2021           САНТА КРУЗ ДЕ ТЕНЕРИФЕ        08:00 – 17:00

Можност за факултативен разглед. Сместен спроти западниот брег на Африка, Тенерифе е најголемиот остров на Канарскиот архипелаг, благословен со умерена клима и прекрасни пејсажи како и дом на прекрасни крајбрежни ресорти од кои еден ќе посетиме-Puerto de la Cruz сместен на северниот брег на островот.Панорамско возење низ долината Оротава и посета на истоименото мало градче. Основан во 15-от век од неколку богати семејства кои живееле на островот, Оротава сочувала бројни остатоци од минатото. Шетајќи низ живописните улички на ценарот на градот ќе стигнеме до познатата Casa de Balcones, троспратна куќа од 17от век со балкони и двор направени од борово дрво. Куќата е типичен пример на тоа како изгледала аристократска куќа во посочените периоди. Турата проолжува со посета на ботаничка градина богата со тропски билки. И така стигнуваме до Puerto de la Cruz, главниот туристички центар на островот, прекрасно место да ги истражите полните улички, уживате во одлична атмосфера и направите шопинг терапија.

8ден     10.10.2021           ФУНЧАЛ             09:00 – 17:00

Можност за факултативен разглед. Името Фунчал доаѓа од растение од анасон, кое се користи во слатките rebuçados de funcho кои може да се најдат насекаде низ островот Мадеира. По 30 минутно возење стигнуваме до Eira do Serrado и застануваме на 1.026 метри надморска височина на место со фантастичен поглед на околните планини и на селото кое лежи во долината Нун. Продолжуваме до селото Монте сместено високо во планините, да го посетиме соборниот храм Nossa Senhora do Monte, црква со прекрасни градини од величествени растенија кои ја прават климата на Мадеира извонредна.  Бидете спремни за величествен поглед кога ќе се спуштаме со жичарница накај Фунчал. Слободно време за шопинг и кафе и вино.

9ден     11.10.2021           Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

10ден   12.10.2021           МАЛАГА             08:00 – 14:00

Можност за факултативен разглед. Сместена на најјужниот дел на Шпанија на брегот на Медитеранот, Малага не е само најпознато туристичко место со нејзините плажи и сончева клима, туку и еден од најстарите светски градови и родното место на Пабло Пикасо. Турата почнува со прошетка низ главните улици на градот, големиот булевар Alameda Principal покрај кој е своевидна ботаничка градина со тропски растенија. Посета на катедралата од 16от век, еден од најважните примери на Андалузиската Ренесансна архитектура. Прошетка покрај тврдината Gibralfaro. Слободно време за прошетка низ живописните улици на централна Малага како и за шопинг и вино.

11ден   13.10.2021           Пловидба

Ден во пловидба, можност за уживање во содржините на бродот Сплендида.

12ден   14.10.2021           РИМ (РИМ ТИРАНА)

Пристигнување во Чивитавекија во 09:00 часот. Напуштање на бродот околу 10:00 часот. Организирана целодневна посета на Рим. Колосеум, Ватикан и Свети Петар (од надвор), Пјаца Навона, Шпански скали, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција… Поаѓање накај аеродромот во Рим во 18:00 часот. Полетување за Тирана во 22:10 часот. Пристигнување во Тирана во 23:40 часот. По пасошките и царински формалности поаѓање накај Охрид и Скопје.

13ден   15.10.2021           ОХРИД СКОПЈЕ

Пристигнување во Охрид околу 01:00 часот.

Пристигнување во Скопје околу 04:00 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
Внатрешна кабина Прозорска кабина Балконска кабина
652 € 820 € 1.035 €
Пристанишни и аеродромски такси 334 €
Цена за дете до 18 год сместено со двајца возрасни во кабина195плус 334 такси

Уплата во денарска противвредност 1еур =62мкд

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз Скопје/ Охрид – Тирана и обратно
  • Авионски превоз на релација Тирана Рим Џенова – Рим Тирана
  • Чекиран багаж, 1 парче до 23кг
  • Рачен багаж до 8кг
  • Сместување во избраната кабина
  • Храна на бродот на база проширен полн пансион
  • Користење на базен, фитнес сала, театарски представи на бродот
  • Целодневен разглед на Рим
  • Лиценциран водич од Македонија за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски и пристанишни такси 174 + 160, вкупно 334 еур (изразени одделно во табелата со цени)
  • Дополнително (второ) парче чекиран багаж еур 120
  • Виза за Мароко еур 30
  • СПА центарот на бродот
  • Напојници на бродот еур 10 по лице на ден, еур 5 за дете до 15год на ден
  • MSC “CovidProptection Plan” осигурување еур 25
  • Факултативни излети

 

Факултативни излети:

Според актуелната ситуација со Ковид 19, на бродовите на МСЦ кои моментално пловат се спроведуваат посебни мерки и процедури како што се: Два пати тестирање за Ковид, едно на почетокот при чекирање за влез на бродот и едно кон средината на крстарењето, вентилација со HVAC свеж воздух, заштитени излети “Social Bubble” и други. Заштитени излети значи дека не е дозволено самоиницијативно излегување од бродот по пристаништата – градови од рутата туку мора да се купуваат излетите организирани од бродската компанија заради сите мерки кои претходно се превземаат за секое пристаниште: задолжително се дезинфицираат автобусите, се тестираат сите возачи и водичи. Ова е моменталната ситуација, се надеваме дека до октомври заштитените излети нема да бидат задолжителни.

Доколку заштитените излети не се задолжителни во сите градови каде што има можност од наша страна ќе бидат организирани бесплатни пешачки разгледи со евентуално плаќање на автобуски трансфер од пристаниште до центарот на градот каде што е потребно (10-15 еур оквирно).

 

Цени за факултативни разгледи предложени во програмата:

Барселона         Еур 35

Казабланка        Еур 85

Тенерифе           Еур 62

Фунчал                Еур 65

Малага                Еур 52

 

 

 

Програмата е во организација на туристичка агенција ЕЛ МУНДО

За ова патување важат општите одредби на патување од СКТМ и ЕЛ МУНДО

 

 

Scroll to Top