Villa Zace – Ksamil

beach in Ksamil

Вила ЗАЧЕ – Ксамил

 

Вила “Заче” е одалечена на 100 метри од плажа во центарот на Ксамил, опружена со зеленило во дворот и срдечни домаќини.

Сите соби имаат комплетно опремена кујна со фрижидер,тераса, ТВ…Бесплатно користење на клима уред,Wi-Fi и паркинг со ограничен број на места.

Вилата располага со:

1 трокреветно студио (брачен и единечен кревет)

4 студија комфорт (3 студија со брачен и 1 единечен кревет, 2 студија со брачен кревет и 2 единечни кревети)

1 комфорт студио со поглед на море  со брачен и 1 единечен кревет

39°46’01.9″N 19°59’56.1″E

39.767183, 19.998915

Ценовник бр.2 со важност од 27.05.2021

EARLY BOOKING

10% попуст за резервации до 06.06.2021 со 30% уплата

ЦЕНА ЗА НАЕМ НА СТУДИО  2021год.

 

термин 13.06-20.06 20.06-27.06 27.06-04.07 04.07-11.07 11.07-18.07 18.07-25.07 25.07-01.08 01.08-08.08 08.08-15.08 15.08-22.08 22.08-29.08 29.08-05.09 05.09-12.09 12.09-19.09
ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/3 студио 13640 14260 16120 17360 18600 21080 21080 21080 21080 21080 18600 16120 13640 13640
1/3 стдкомфорт 14260 15500 16740 17980 19840 21700 21700 21700 21700 21700 19840 16740 14260 14260
1/3 стдкомфортпогледморе 15500 16740 17980 19220 21080 22940 22940 22940 22940 22940 21080 17980 14880 14800
1/4 стдкомфортпогледморе 14880 16120 17360 19220 21700 24180 24180 24180 24180 24180 21700 18600 16120 16120

 

НАПОМЕНИ:

-ЦЕНИТЕ во табелата се дадени во денари за наем на студио за 7 ноќевања.

-Во студио/соба дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број има можност со дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

-Превозот е еден ден пред терминот во табелата.

-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

– Уплатата е исклучиво во денараска против вредност

-За уплата на два последователни термини за престој, одобруваме 10% попуст на вториот термин и важи само за редовни цени.

-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

-Сместување во собите е по 14:00 часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

-Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

-По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

-Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

 

-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

-Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

-Се патува според протокол, пеку граничен премин Ќафасан (Струга). Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање.

-Во услови на Ковид19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.

-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

-При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.

-Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

 

Цена за превоз:

 

-Возрасно лице 55 евра

-Децадо 12 години 40евра

-Деца до 2 години (без седиште) – бесплатно

-Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Scroll to Top