[08.05.22] Бисери на Источниот Медитеран: Истанбул, Измир, Бодрум, Миконос, Атина

КРСТАРЕЊЕ

КРСТАРЕЊЕ – ИСТАНБУЛ, ИЗМИР, БОДРУМ, МИКОНОС, АТИНА

Поаѓање: 08. Мај 2022.

8 дена / 7 ноќи

Ден Дата Пристаниште Пристигнување Заминување
1 08-05 Нед Istanbul (Turkey)
2 09-05 Пон Istanbul (Turkey) 17:00
3 10-05 Вто Izmir (Turkey) 14:00 21:00
4 11-05 Сре Bodrum (Turkey) 10:00 20:00
5 12-05 Чет Mykonos (Greece) 09:00 20:00
6 13-05 Пет Piraeus/Athens (Greece) 09:00 20:00
7 14-05 Саб Cruising
8 15-05 Нед Istanbul (Turkey) 08:00

Програма на патување

Ден / Место

1. ден (08.05.2022) СКОП ЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на патниците на аеродромот Скопје 06:00часот. Полетување за Истанбул во 08:40 (лет ТК 1004). Оброк во авион. Слетување во Истанбул во 11: 15. По царинските и

пасошките формалности организиран панорамски разглед на Азискиот дел на

2. ден (09.05.2022)

ИСТАНБУЛ-испловување

Истанбул. Панорамско разгледување на градот со автобус: Преминување преку мостот 15 Јули на Азиската страна, пауза за кафе и сликање на видиковецот Chamlidza, разглед на Ускудар и Моминска кула. Слободно време за ручек со доплата.

Околу 16:00 часот чекирање на бродот Costa Venezia. Слободно попладне за сместување на бродот, откривање на содржините и услугите на бродот

Слободен ден за разгледување на Истанбул. Истанбул, порано познат како Константинопол, е најголем град во Турција економски, културен и историски центар на земјата. Градот се протега низ теснецот Босфор, единствен град во Светот кој поврзува два континенти Европа и Азија, со население од над 15 милиони жители, што сочинува 19% од населението на Турција. Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста, мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет.

Предлог факултативен разглед: Посета на живописниот рид Pierre Loti, кафе пауза со поглед на заливот на Златен рог.

Разглед на: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија.

Испловување на бродот во 17:00 часот.

3.ден (10.05.2022)

ИЗМИР

14:00 – 21:00 Измир. Слободен ден за разгледување на Измир. Измир е космополитски град во западниот крај на Анадолија, главен град на истоимената провинција. Тој е трет најнаселен град во Турција, по Истанбул и Анкара, и втора по големина урбана агломерација на Егејскот Море по Атина. Историски гледано, Измир постои повеќе од 4.000 години. Градот претставувал еден од главните трговски градови на Средоземното Море, во поголемиот дел од својата историја. Измир е град кој прв во регионот каде било изградено пристаниште со безцаринска зона, изградена преку договор меѓу САД и Турција во 1990 година. Тука се наоѓаат зградите и производствените центри на некои водечки компании на светскиот пазар поради што Измир се смета за еден од најпознатите либерални градови кој истовремено успеал да ги зачува своите вредности, идеологија, изглед, изглед и стил, динамичност и да има голема улога од политички и економски аспект. Политички Измир се смета за упориште на Републиканската народна партија.

Факултативен разглед:

– Откијте го Измир од Хомеровото време до денес

Испловување на бродот во 21:00 часот.

4. ден (11.05.2022)

БОДРУМ

10:00 – 20:00 Бодрум. Слободен ден за разгледување на Бодрум. Бодрум е пристанишен град и центар на истоимениот округ во провинцијата Мугла во југозападна Турција. Се наоѓа на јужниот брег на Полустровот Бодрум, на влезот на Заливот на Гокова. Бодрум е турскиот бисер на Егејот, град чија убавина го воодушевува целиот свет и кој привлекува многу туристи. Бодрум е место на богато античко историско наследство, а највредниот дел од тоа наследство е Херодот, основоположникот на историјата. Без разлика дали сакате антика или не, Бодрум нема да ве остави рамнодушни. Пристанишниот град е исто така наречен Турски Сан Тропе, поради големиот број луксузни хотели, урбани клубови под отворено небо, одлична гастрономска сцена и многуте суперјахти кои крстарат по неговите тиркизни води.

Факултативен разглед:

-Етрим – Посета на замокот Св. Петар од V век

-Панорамски разглед на Бодрум

Испловување на бродот во 20:00 часот.

5. ден (12.05.2022)

МИКОНОС

09:00 – 20:00 Миконос. Слободен ден за разгледување на Миконос. Миконос е грчки остров, дел од Кикладите, лежи помеѓу Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Островот има површина од 85,5 квадратни километри и се издигнува на надморска височина од 341 метри на својата највисока точка. Островот е познат и како ,, Островот на ветровите,,. Главен град е градот Миконос. Градот е познат и како Хора. Туризмот е најголемата индустрија на островот Миконос кој е познат по својот живописен ноќен живот. Миконос има типична средоземна клима. Сонцето сјае до 300 дена во годината. Дождовната сезона трае од октомври до март.

Факултативен разглед:

– Вистинскиот Миконос како вистински жител

Испловување во 20:00 часот.

6. ден (13.05.2022)

АТИНА (Piraeus)

09:00 – 20:00 Атина. Слободен ден за разгледување на Атина. Атина е главен и

најголем град на Грција. Атина доминира во регионот на Атика и е еден од најстарите градови во светот, со нејзината запишана историја која се протега над 3.400 години и нејзиното најрано човечко присуство кое започнува некаде помеѓу 11 и 7 милениум п.н.е. Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулка на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатокот од тогаш познатиот европски континент. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културата, науката. Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат. Нејзините уметници Фидије и Поликлет и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста. Политичката Атинска школа и денес е активна исто како и

името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златната

 

доба. Предлог факултативен разглед:

Места и вкусови на Атина

-Трансфер до Атина

Испловување на бродот во 20:00 часот.

7. ден (14.05.2022)

Пловидба

Ден за уживање во содржините на бродот Коста Венециа
8. ден (15.05.2022)

Истанбул – Скопје

Го напуштаме бродот околу 10:00 – 11:00 часот. Не чека нашиот автобус кој прво ќе не однесе на шопинг Mega Outlet Venezia. Околу 15:30 часот поаѓање накај аеродром и чекирање за нашиот лет.

Полетување од Истанбул во 19:35 часот. Оброци во авион. Слетување во Скопје во 20:00 часот.

ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА-КАБИНА

(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)

Дата на поаѓање Услуга Цена во внатрешна

кабина

Цена во прозорска

кабина

Цена во балконска

кабина

08. Мај 2022 FB Costa Venezia 774 € 954 € 1.104 €
Еднокреветна кабина 1.018 € 1.324 € 1.579 €
Пристанишни и аеродромски такси 275 €

3 и 4 возрасно лице над 18 години 675€ + 275 € во сите типови кабини Деца до 18 години 425€ +275 € во сите типови кабини

За ова патување е задолжителна вакцинација против Ковид – 19, целосно завршен циклус на вакцинирање. За деца под 11 години не е потребна вакцина.

Признаени вакцини: Biontech Pfizer, Moderna, Astrazenekca, Johnson & Johnson, Sputnik, Sinofarm I Sinovak

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз со Turkish airlines
  • 30кг чекиран багаж + 8кг рачен багаж
  • Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на Costa Venezia на база Full board (храна вклучена)
  • Панорамски разглед на Истанбул 08.05.2022
  • Посета на шопинг мол во Истанбул 15.05.2022
  • Трансфери во Истанбул според програмата
  • Локални водичи за време на разгледите
  • Пратител од Скопје
  • Организација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси еур 125 по лице Пристанишни такси еур 150 по лице

Меѓународно патничко здравствено осигурување со ковид покритие мкд 350

Напомена: Доколку бидеме задолжени да ги реализираме разгледите во организација на бродот. Цените на факултативите се следни:

Факултативни излети и влезници во Истанбул

  • Најдоброто од Истанбул еур 89

Факултативни излети и влезници во Измир

  • Откијте го Измир од Хомеровото време до денес еур 35 Факултативни излети и влезници во Бодрум
  • Етрим – Посета на замокот Св. Петар од V век еур 65 или
  • Панорамски разглед на Бодрум еур 45 Факултативни излети во Миконос
  • Вистинскиот Миконос како вистински жител еур 35 Факултативни излети и влезници во Атина
  • Места и вкусови на Атина – еур 99 или
  • Трансфер до Атина – еур 19 Напојници на бродот Еур 11 на ден по лице Пијалоци на брод

СМЕСТУВАЊЕ: Брод Коста Венециа. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.

НАПОМЕНА: За резлизација на ова патување е потребен минимум од 20 патници

Услови на плаќање:За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.

ОТКАЗЕН РОК: До 40 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 39 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.

  • Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
  • Организатор на ова патување е Ел Мундо, Скопје
  • Бродската компанија Costa Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најва
  • Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева
  • Важат општите услови на патување на Ел Мундо и СКТМ

C:\Users\NELKO\Desktop\Curves_Right.pngЕЛ МУНДО

Бул Партизански одреди 62А

02/3051748

elmundo@elmundo.com.mk

www.elmundo.com.mk

Scroll to Top