За нас​

За нас

Ел Мундо е туристичка агенција основана 2012 година. Нашиот квалифукуван кадар има повеќедецениско искуство во туризмот и авиосообраќјот. Агенцијата е носител на А лиценца и е IATA акредитирана. Она по што Ел Мундо е препознатлива е професионалоста, стурчноста и сеопфатната поддршка која ја пружаме на нашите клиенти, приватни и корпоративни. Тоа значи дека сме со Вас од напуштањето на Вашиот дом или канцеларија, при секој чекор од патувањето, па се’ до Вашето безбедно враќање. Од авио билет, хотелско сместување, трансфери, па се до рент-а-кар, Вашето патување ќе биде целосно организирано.

Нашата агенција е специјализирана во областите на авиосообраќајот, крстарењето, далечните дестинации и бизнис патувањата.

Авиобилети

Уште од раните 90-ти години, нашиот кадар е во сржта на авиосообраќајот на земјава. Ел Мундо нуди и директно продава авионски карти од сите компании во светот, за сите дестинации, по гарантирано најниски цени на пазарот.

 

Покрај горенаведеното, она што не’ истакнува е 24 часовната поддршка за нашите приватни и бизнис клиенти. Одложен, откажан или пропуштен лет? Не се грижите, нашите обучени агенти се достапни во секоја минута од денот за да Ве поддржат и да се погрижат најбрзо и најефикасно да стигнете до Вашата дестинација.

 

Ел Мундо нуди ефикасен сервис за опслужување на бизнис клиенти. Со нас секогаш ќе бидете спокојни дека Вашето бизнис патување е во сигурни раце.

Крстарења

Ел Мундо е несомнено водечка агенција во Македонија во продажбата на крстарења. Во последните 13 години имаме успешно спроведено над 50 групни крстарења со над 1500 задоволни патници, пловејќи по Средоземно море, Карипско море, Арапско море, Јапонско море, Источно Кинеско море, Северно море, Андаманско море, Јаванско море, Атлантски океан, Индиски океан и Тихи океан.

Со гордост може да кажеме дека сме и најспецијлизирана агенција за индивидуални крстарења. Вашето крстарење од соништата е на чекор до Вас. Целиот процес, од избор на брод и дестинација, до организиран трансфер од аеродромот до пристаништето на испловување или обезбедување паркинг за Вашето возило за времетраењето на крстарењето, со нас Вашата поморска авантура ќе биде беспрекорно организирана.