Групно Крстарење по Источен Медитеран

MSC FANTASIA

ГРЦИЈА - ТУРЦИЈА - ИТАЛИЈА
Пиреја (Атина) - Кушадаси - Истанбул - Крф - Бари - Трст - Катаколон (Пелопонез)

Цена од:

1.480 €

Денови:

11

Ноќевања:

9

1. Ден (18.06.2025) СКОПЈЕ - АТИНА

Пристигнување: Поаѓање: 22:00

Поаѓање од Скопје во 22:00 часот од паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски. Патување за Атина со попатни паузи.
2. Ден (19.06.2025) АТИНА

Пристигнување: Поаѓање: 18:00

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на Атина до времето на качувањето на бродот. Атина е главен и најголем град на Грција. Атина доминира во регионот на Атика и е еден од најстарите градови во светот, со запишана историја која се протега над 3.400 години и нејзиното најрано човечко присуство кое започнува некаде помеѓу 11-тиот и 7 –миот милениум п.н.е.  Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулка на западната цивилизација, воглавно поради  нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера и влијанието на остатокот од тогаш познатиот европски континент. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културата, науката. Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат. Нејзините уметници Фидије и Поликлет и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста. Политичката Атинска школа и денес е активна исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златната доба. По разгледот на Атина, продолжуваме кон пристаништето Пиреја. Качување на бродот во 15:00 часот. Испловување на бродот во 18:00 часот.
3. Ден (20.06.2025) КУШАДАСИ

Пристигнување: 07:00 Поаѓање: 15:00

07:00 – 15:00 Кушадаси, Турција. Слободен ден за разгледување на Кушадаси. Кушадаси (турски: Kuşadası) — приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија,  Ирска, земјите на  Бенелукс и поранешна СФРЈ. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи. Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65 км. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 км, односно 120 км. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси. Испловување на бродот во 15:00 часот.
4. Ден (21.06.2025) ИСТАНБУЛ

Пристигнување: 10:00 Поаѓање: 23:00

10:00 – 23:00 Истанбул, Турција. Слободен ден за разгледување на Истанбул. Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион старогрчки: Βυζάντιον; латински: BYZANTIVM; Константинополис старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград старословенски Цѣсарьградъ)  — е најголемиот  град во Турција е и еден од најголемите градови во светот, со  15.655.924  жители (според евиденцијата од 2023) и најгусто населен град во Европа. Истанбул, исто така е велегад, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина, сместен долж двата брега на Босфор, на границата помеѓу  заливот Златен Рог и Мраморното море. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европскиот (Тракија) и азискиот (Анадолија). Во својата долга историја Истанбул служел како главен град на Римското царство на Источното римско (византиското) царство,  на Латинското Царство и Отоманското Царство. Кога Република Турција била основана во 1923 година од страна на Мустафа Кемал Ататурк, главниот град бил преместен од Истанбул во Анкара. Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010  година. Историските области на Истанбул се вклучени во списокот на светско културно и природно наследство  на УНЕСКО во 1985 година. Во 2008 година, за време на градежните изградби на Истанбулското метро и тунелот “Мармарај”, односно на деловите на поранешниот Цариград, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 години п.н.е. Низ својата долга историја, Истанбул има добиено репутација како еден од најголемиот центар од најразновидни архитектонски стилови. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција. Испловување на бродот во 23:00 часот.
5. Ден (22.06.2025) ПЛОВИДБА - ДЕН НА МОРЕ
Ден за уживање во содржините на бродот.
6. Ден (23.06.2025) КРФ

Пристигнување: 13:00 Поаѓање: 21:00

13:00 – 21:00 Крф, Грција. Слободен ден за разгледување на Крф.   Крф (грчки: Κέρκυρα — Керкира) – град и административен центар на округот Крф како и на Јонските Острови. Градот се наоѓа на истоимениот остров на крајниот северозападен дел на Грција. Според старогрчката митологија, градот и островот го добиле името по ќерката на речниот бог Асоп, нимфата Керкира која ја грабнал Посејдон. Друга и веројатно поточна претпоставка за потеклото на името е врзана за значењето на името на грчки јазик, што значи „гребен полн врвови“. Климата на Крф е средоземна со топли и суви лета и благи и дождливи зими. За разлика од егејскиот дел на Грција, на островот и на целиот запад на земјата има повеќе дождови, па градот и неговата околина се секогаш зелени. Во околината доминираат овоштарници од маслинки и агруми. Денес Крф е прав туристички град. Посебна атракција на градот е зачуваното старо градско јадро кое денес е под заштита на УНЕСКО. Тука е и старата, добро сочувана тврдина од венециско време. На периферијата на градот и во неговите предградија се наоѓаат поголемите хотелски комплекси со големи и убави плажи. Туризмот го насочи и традиционалното занаетчиство кон производство на сувенири, а поморството кон превоз на туристи.   Испловување во 21:00 часот.
7. Ден (24.06.2025) БАРИ

Пристигнување: 07:00 Поаѓање: 14:00

07:00 – 14:00 Бари, Италија. Слободен ден за разгледување на Бари.   Бари (италијански Bari), по големина е деветти град во Италија. Бари е и главен град на истоимента област Бари и главен град на провинцијата Апулија, во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Историски гледано Бари бил могу важен пристанишен град заради силните трговски врски со Грција, Северна Африка и источен Медитеран. Градот е познат и како градот на Свети Никола, бидејќи во градската катедрала Saint Nicholas , основана во 1087, се наоѓаат моштите на Светецот, кои постојано привлекувале и сеуште привлекуваат голем број на верници. Други знаменитости во градот се: Катедралата San Sabino, првично изградена во 1034 година, разурната во 1156 и повторно изградена 1170-1178. Најважната уметничка галерија во Апулија, Pinacoteca Provinciale di Bari која содржи многу слики од 15-тиот век до деновите на современата уметност. Театарот Petruzzelli Theatre, основан во 1903 година, бил целосно уништен во пожар во 1991 година, но повторно бил отворен во октомври 2009 г. Castello Svevo Замок изграден околу 1131 година бил уништен во 1156 година и повторно бил изграден од Фредерик II Хоенштауфен. Замокот сега служи како галерија за различни привремени изложби во градот. Barivecchia или Стариот Бари, е збир на улици и премини кои го сочинуваат делот од градот северно од модерната област Мурат. Климата во Бари е средоземна. Бари како и цела Апулија се познати како многу топло и сушно подрачје во Италија. Испловување на бродот во 14:00 часот.
8. Ден (25.06.2025) ТРСТ

Пристигнување: 09:00 Поаѓање: 19:00

      09:00 – 19:00 Трст, Италија. Слободен ден за разгледување на Трст. Трст (италијански: Trieste) е важен град и пристаниште во северна Италија на брегот на Јадранското Море со околу 205.000 жители, во близина на границата со Словенија. Градот е административен центар на истоимената покраина Трст како и регионот Фурланија-Јулиска Краина. Трст бил населен уште од праисторијата имено во 3000 година п.н.е. овде се населило племето Карни. Во 177 година п.н.е. градот го освоиле Римјаните и тогаш за првпат се спомнува денешното име на градот во обликот Tergeste. Подоцна градот припаѓал на Византија, потоа на царството на Франките. Во 1382 година Трст припаѓал на Хабсбурговците. Под нивно влијание започнува и изградбата на поголеми градски пристаништа, а со самото тоа започнала и изградбата на современиот град. Тогаш градот се здобил и со космополитски карактер, со доселувањето на луѓе од сите делови на Хабсбуршката монархија. Трст го сочувал своето старо градско јадро од XVIII-тиот и XIX-тиот век и по својот “северен” изглед и правилната улична мрежа е потполно различен од другите јадра на италијанските градови, затоа што влијанието на “хабсбуршката архитектура“ бил значаен. Па така Трст повеќе потсеќа на Виена отколку на Венеција или Верона. Градот има голем број плоштади со многу цркви, палати, зданија и споменици. Поради стеснувањето зградите, па дури и оние кои се стари повеќе децении, имаат значителна катност. Испловување во 19:00 часот.
9. Ден (26.06.2025) ПЛОВИДБА - ДЕН НА МОРЕ
Ден за уживање во содржините на бродот.
10. Ден (27.06.2025) КАТАКОЛОН - ПЕЛОПОНЕЗ

Пристигнување: 07:00 Поаѓање: 15:00

07:00 – 15:00 Катаколон, Грција. Слободен ден за разгледување на Катаколон. Пристаништето Катаколон е популарна станица за бродовите за крстарење. Посетителите овде имаат можност да го посетат античкото пристаниште Олимпија, потонатиот антички град Феја. Античка Феја се наоѓала на другата страна на планината Ихтис, сега Агиос Андреас, во непосредна близина на пристаништето Катаколон. Археолошкиот локалитет на античките Олимписки игри, Олимпија, е местото каде спортистите се натпреварувале за слава пред илјадници години. Според легендата Зевс, кралот на грчките богови, ја изградил Олимпија. Тим германски експерти во 19-тиот век ја истражувале областа, при што биле откопани многу важни артефакти. Локалитетот, опкружен со дрвја, вклучува десетици остатоци од згради изградени не само од религиозни причини како што се урнатините на храмот на Зевс, туку и за спортски настани што се одржувале тука, гимназијата, хиподромот и стадионот, кој е изграден со максимален капацитет од 40.000 гледачи. Светилникот на Катаколон е изграден во 1865 година. Едно од најважните места на Катаколон е Музејот на античка грчка технологија. Остатоците од средновековниот замок Понтикокастро/Белведере/Бувоар сè уште стојат на врвот на ридот североисточно од модерното пристаниште, но замокот е главно руиниран и неговиот оригинален изглед може само да се претпостави. Катаколон има голем пазар. Се состои од повеќе од шеесет продавници, кафетерии, ресторани, продавници за облека и традиционални грчки производи. Испловување во 15:00 часот.
11. Ден (28.06.2025) ПИРЕЈА - СКОПЈЕ

Пристигнување во Пиреја во 08:00 часот. Го напуштаме бродот околу 10:00 – 11:00 часот. Не чека нашиот автобус и тргнуваме накај Скопје. Возење со автобус 10-12 часа. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена по лице во € во двокреветна кабина
Датум на поаѓањеКатегорија на кабина
ВнатрешнаПрозорскаБалконска
18.06.20251.480 €1.580 €1.890 €

Технички информации

Тонажа137,936
Должина/Ширина/Висина333,3м/37,92м/67,69м
Палуби18, 14 за гости
Лифтови25, 15 за гости (2 панорамски и 1 за MSC Yacht Club)
Волтажа (во кабини)110/220 волти
Максимална брзина23,64 јазли
СтабилизаториСтабилизиран со два пропелери
Број на патници4,363
Број на кабини1,637, вклучувајќи 43 за лица со попречености
Број на екипажприближно 1,370
Базени5, вклучувајќи 1 со тобоган, 1 за деца и 1 за MSC Yacht Club
Whirlpool бањи (џакузи)12 whirlpool бањи (џакузи)
Еколошки технологииAWT-Advanced Water Treatment, Energy Saving & Monitoring System, Clean Ship 2

Ресторани

BUTCHER’S CUTАмерички steakhouse со ексклузивна Chef’s маса
IL CHERCHIO D’OROПанорамски главен ресторан
L’AFRICANAБифе ресторан со самопослужување
RED VELVETГлавен ресторан поделен на две палуби
ZANZIBARБифе ресторан со самопослужување, пицерија

Барови

FANTASIA BARГлавен фоаје бар
IL CAPPUCINOКафе бар
IL TRANSATLANTICOПиано бар
L’INSOLITO LOUNGEБар, шоуа, жива музика, подиум за танцување
LA CANTINA TOSCANAВински бар
LE VELEФоаје бар
MANHATTAN BARБар, жива музика
PIAZZA SAN GIORGIOИталијански плоштад со жива музика, пецива и сладолед
SPORTS BARТематски спортски бар со закуски
THE CIGAR LOUNGEБар за пури

Надворешни (палубски) барови

BAR DELLE FONTANEАквапарк бар, сладолед
GAUDI BARPool (базенски) бар на заедникот на бродот
THE GLASS BARАквапарк бар

Забавни содржини

CASINO DELLE PALMEКазино, бар
CYBERLIBRARYИнтернет кафе и библиотека (4 компјутери)
GALLERY PLAZAУметничка галерија
IL TRANSATLANTICOПиано бар
L’INSOLITO LOUNGEБар, шоуа, жива музика, подиум за танцување
LIQUID DISCOДискотека, бар
MSC ARENAКино на отворено
TEATRO L’AVANGUARDIAТеатарски претстави, шоуа

Забавни содржини за семејства

4D CINEMA4D кино
I GRAFFITI (JUNIOR CLUB)Детска зона (7-11 години)
LA CARAMELLAПродавница за слатки
MSC FORMULA RACERВиртуелен симулатор за возење формула
POLO NORD (BABYCLUB & TEEN CLUB)Детска зона и базен (под 7 години)
TEEN AREA (YOUNG & TEEN CLUB)Тинејџерски клуб (12-17 години)
TEEN TOBOGAТинејџерски тобоган
VIDEOGAMES ARCADEСоба за видео игри
VIRTUAL WORLDСоба за видео игри

Базени

AQUAPARKГлавен базен со над 150 фотани и водни млазови
I TROPICIБазен со тобоган
LIDO CATALANOБазен на задникот на бродот

ВНАТРЕШНА КАБИНА

Површина 17 м2

Релаксирачка фотелја

Бања со туш кабина, веце простор и фен

Удобни двокреветни или единечни кревети (на барање)

Достапна е ТВ, телефон, Wifi конекција (со плаќање), сеф и минибар

Сликата е само репрезентативна; големината, распоредот и мебелот може да се разликуваат (во истата категорија кабина).

ПРОЗОРСКА КАБИНА

Површина 18 м2

Прозорец со поглед на море

Релаксирачка фотелја

Бања со туш кабина, веце простор со фен

Удобни двокреветни или единечни кревети (на барање)

Достапна е интерактивна ТВ, телефон, Wi-Fi конекција (со плаќање), сеф и минибар

Сликата е само репрезентативна; големината, распоредот и мебелот може да се разликуваат (во истата категорија на кабина).

БАЛКОНСКА КАБИНА

Површина 19 м2, балкон 4 м2

Место за седење со софа

Бања со туш или када, веце простор со фен

Удобни двокреветни или единечни кревети (на барање)

Достапна е интерактивна ТВ, телефон, Wi-Fi конекција (со плаќање), сеф и минибар

Сликата е само репрезентативна; големината, распоредот и мебелот може да се разликуваат (во истата категорија на кабина).

  • Автобуски превоз Скопје Пиреја (Атина) Скопје
  • Пристанишни такси 200 по лице
  • Напојници 108 по лице
  • Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на MSC FANTASIA на база проширен полн пансион (појадок, ручек, вечер, закуски, вода, кафе и чај)
  • Панорамски разглед на Aтина 19.06.2025
  • Лиценциран водич на Македонски јазик и пратители од ТА Ел Мундо Скопје
  • Организација на патувањето

 

  • Меѓународно патничко здравствено осигурување (задолжително)
  • Факултативни излети
  • Пијалоци на бродот
  • Лична потрошувачка

 

СМЕСТУВАЊЕ: Брод МСЦ Фантазија Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.

 

РЕАЛИЗАЦИЈА: За реализација на ова патување е потребен минимум од 20 патници.

  • Трето и четврто возрасно лице над 18 години

 

    • Во внатрешна кабина – 880
    • Во прозорска кабина –  910
    • Во балконска кабина –  950

 

  • Деца до 18 години

 

    • Во внатрешна кабина – 680
    • Во прозорска кабина –  710
    • Во балконска кабина –  750

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.

 

ОТКАЗЕН РОК: До 30 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.

 

  • Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
  • Организатор на ова патување е Ел Мундо, Скопје.
  • Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најава.
  • Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева.
  • Важат општите услови на патување на Ел Мундо и СКТМ.

 

Контактирајте нè

Слични крстарења

18.06.2025.-.28.06.2025

Групно Крстарење по Источен Медитеран

MSC FANTASIA

Пиреја (Атина) - Кушадаси - Истанбул - Крф - Бари - Трст - Катаколон (Пелопонез)

Денови:

11

Ноќевања:

9

1.480 €