Состанок на патниците на аеродромот во Скопје во 18:00 часот. Полетување за Истанбул во 20:45 (лет ТК1006). Добивате оброк во авионот.
Слетување во Истанбул во 00:15. Полетување за Мајами во 02:10 (лет ТК157). Добивате оброци во авионот. Слетување во Мајами во 07:10 часот.
По завршувањето на пасошките формалности, организиран полудневен разглед на градот. Во попладневните часови сместување во хотелот. Слободно попладне и одмор. Ноќевање.
Појадок.
Мајами е град кој се наоѓа во југоисточна Флорида, жив и разновиден и заради тоа го нарекуваат и „Волшебниот град“. Мајами нуди богат спој на културни, историски и природни атракции. Од светски познати плажи до богат ноќен живот и уметнички сцени.
Мајами пречека над 26.5 милиони посетители во изминатата година, придонесувајќи повеќе од 20 милијарди долари за локалната економија. Овој раст беше поттикнат и од зголемените воздушни пристигнувања и од рекордниот број патници на крстарењa низ Порт Мајами.
Мајами продолжува да биде водечка глобална дестинација, привлекувајќи милиони посетители секоја година.
Мајами има повеќе од 800 паркови и е единствениот град на САД, опкружен со два национални парка: Национален парк “Biscayne” и Националниот парк “Everglades”.
Саут Бич, лоциран во јужниот дел на Мајами Бич, е познат по својата Арт Деко архитектура и богатиот ноќен живот. Најдобар начин за истражување на оваа област е да се движите пеш.
Уметничкиот музеј на Перез во Мајами (PAMM) се наоѓа во музејскиот парк, нудејќи не само уметнички експонати, туку и прекрасни погледи на заливот Бискејн.
Музејот “Vizcaya museum and gardens” секоја година го посетуваат повеќе од 170 000 посетители. Тој е поранешна вила и имот на на бизнисменот James Deering, изградена во медитерански стил со барокни елементи. Градината има исклучителна колекција на орхидеи, а музејот поседува многу антиквитети.
Ноќниот живот во Мајами е легендарен, со опции кои се движат од луксузни ноќни клубови до опуштени салони. МАД КЛУБ Винвуд е лоциран во срцето на уметничката област во Мајами. Oвој клуб комбинира луксуз со иновација, нудејќи врвни диџејски изведби во амбиент исполнет со уметност и енергична енергија. Тоа е одлично место за оние кои сакаат да го искусат најсовремениот ноќен живот во Мајами. Уште еден познат бар е и Хајбар Мајами. Овој бар на покривот го спојува гламурот на Студио 54 со погледот на океанот кој го одзема здивот, нудејќи бесконечен базен и музика во живо од четврток до недела. Омилен е и за љубителите на сонце дење и на забавите ноќе. Ноќевање.
Појадок.
Одјавување од хотелот во 11 часот и трансфер до пристаништето. По завршување на формалностите за пријавување на бродот, сместување во кабини.
Испловување во 17:00 часот.
Слободен ден за уживање во содржините на бродот MSC POESIA.
Бродот плови кон островот Курасао. Слободен ден за уживање во содржините на бродот MSC POESIA
Впловување во 08:00 часот.
Курасао е островска држава во јужниот дел на Карипското Море и една од четирите конститутивни земји во рамките на Кралството Холандија. Се наоѓа северно од брегот на Венецуела и зафаќа површина од околу 444 km². Главен и најголем град е Вилемстад, познат по својата колонијална холандска архитектура, која е впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Курасао има околу 150.000 жители, а официјални јазици се холандскиот, папјаменто и англискиот. Економијата се заснова на туризмот, финансиските услуги, трговијата и преработката на нафта. Островот е познат по белите песочни плажи, коралните гребени, кристално чистото море и богатото подводно живо богатство, што го прави една од најпопуларните туристички дестинации на Карибите
Испловување во 18:00 часот.
Впловување во 08:00 часот.
Аруба е островска држава во јужниот дел на Карипското Море и една од четирите конститутивни земји во рамките на Кралството Холандија. Се наоѓа северно од брегот на Венецуела и зафаќа површина од околу 180 km². Главен град е Орањестад, кој е административен, културен и туристички центар на островот.
Аруба има околу 125.000 жители, а официјални јазици се холандскиот и папјаменто, додека англискиот и шпанскиот се широко распространети. Економијата главно се заснова на туризмот, кој претставува најважната стопанска гранка. Островот е познат по своите долги бели песочни плажи, тиркизното море, сончевата клима во текот на целата година и богатата туристичка понуда, поради што е една од најпосетуваните дестинации на Карибите.
Испловување во 18:00 часот.
Слободен ден за уживање во содржините на бродот MSC POESIA.
Впловување во 08:00 часот.
Очо Риос е град во парохијата на Портланд на северниот брег на Јамајка. Надвор од градот, патниците и жителите можат да го посетат паркот на Колумбо, каде што наводно Колумбо прв пат дошол. Тука можат се видат поморски артефакти и шпански колонијални згради.
Ocho Rios е познат по својата тропска клима, со влажна сезона од мај до ноември, и сувата сезона од декември до април.
Оcho Rios e познат по тоа што може да се најде широк спектар на накит и скапоцени камења.
Најпопуларната туристичка атракција на Ocho Rios се “Dunn’s River водопадите.
600-метарскиот водопад им овозможува на посетителите да пливаат под водопадот, да се релаксираат во чистата вода и да се качат на "водените скали" кои се наоѓаат од страната на водопадите.
Родното место и гробот на Боб Марли кој се наоѓа во ридовите над Ocho Rios се исто така отворени и достапни секојдневно за јавноста. Препорачуваме плажа Bamboo beach club која се резервира на самиот брод.
Испловување во 18:00 часот.
Впловување во 08:00 часот.
Џорџ Таун е град кој се наоѓа на најголемиот Кајмански остров од групата Кајмански Острови. Тој служи како главен град на Кајмански Острови.
George Town е популарна порта за повик за Карибите.
Националниот музеј “Grand Cayman” во Џорџ Таун прикажува широк спектар на артефакти, самата зграда е артефакт бидејќи е најстарата зграда во Џорџ Таун.
“Seven Mile Beach” е најпопуларната плажа со бел песок.
Плажа ”Boatswain” порано позната како фарма на желките претставува морски парк. Таа е дом на повеќе од 16 000 желки. Одреден дел претставува лагуна каде што посетителите можат да пливаат со желките и други морски животни.
Препорачуваме: Прошетка низ Џорџтаун околу 2 часа, потоа плажа – Royal Palms Beach club на 7 miles beach (со доплата).
Испловување во 16:00 часот.
Впловување во 10:00 часот.
Козумел е карипски остров надвор од полуостровот Јукатан во југоисточниот дел на Мексико.
Cozumel е остров богат со историја, култура, забава и природна убавина. Има неверојатно бистра вода со видливост од 100-200m.
Повеќето посетители патуваат во Cozumel поради нуркање која е една од главните атракции и да го видат прекрасниот подморски свет . Главни атракции се гребените.
Cozumel се одликува со тропска клима.
Централниот дел на островот претставува џунгла со голем број на диви животни.
Препорака: Прошетка од околу 2 часа низ градот, потоа плажа. За љубителите на нуркањето ја препорачуваме Tortuga Beach (со доплата). За љубителите на песочна плажа и мексиканска храна препорачуваме Mr Sanchos Beach club (со доплата).
Испловување во 18:00 часот.
Слободен ден за уживање во содржините на бродот MSC POESIA
Впловување во 07:00 часот.
Напуштање на бродот. Посета на Dolphin mall Outlet до времето предвидено за трансфер до аеродромот. Полетување од Мајами во 22:30 часот (лет ТК078).
Слетување во Истанбул во 18:00 часот. Полетување за Скопје во 20:30 часот (лет ТК1005). Слетување во Скопје во 19:55 часот.