Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 07:00 наутро. Завршување на процедурите за пријавување (check in), полетување за Истанбул во 09:15 (лет ТК1004). Продолжување за Барселона во 15:25 (лет ТК1855). Слетување во Барселона во 17:05. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка.
Полна со чуда, Барселона навистина има што да понуди - од архитектонските чуда на Антони Гауди до старите плоштади исполнети со споменици што нема да ве остави рамнодушни. Магичната фонтана Монжуик (Montjuic), симфонија на вода и светлина. Спектаклот на вода, светлина и музика во живо ќе ви ја разубави вечерта.
Град кој постојано привлекува посетители со своето богато културно и историско наследство, интересни вкусови и јадења, динамични забави и музика.Потопете се во вкусовите и мирисите на шпанската кујна. Уживате во традиционалните јадења како што се паела и тапас (paelle и tapasa) и пробајте сангрија.
Ноќевање.
Појадок.
Булеварот Дијагонал, главната авенија која ја дели Барселона на два блока источен и западен, зелената авенија Рамбла (La Rambla) која започнува на централниот плоштад Плаза Каталуња и завршува кај споменикот Колумбо, местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, музејот на ФК Барселона и стадионот „Камп Ноу“, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност.
Трансфер до пристаништето и процедура на качување на бродот.
Испловување во 20:30 часот.
Бродот плови кон Малага. Слободен ден за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 09:00 часот.
Малага, град на уметност, историја и медитерански шарм, познат како родно место на Пабло Пикасо, се наоѓа на сончевиот брег на Андалузија. Стариот град со катедралата и римскиот театар, тесните улички полни со живот, мирисот на морето и плажите како Плаја де ла Малагета го прават идеална дестинација, како за летен одмор, така и за краток престој полн со искуства. Градот живее преку целата година и се рангира меѓу најпопуларните и најпосетуваните места во Шпанија.
Недалеку од него се наоѓа Торемолинос - поранешно рибарско село, а денес едно од најпознатите одморалишта на овој брег. Долгата песочна плажа, променадата долга седум километри, главната улица Кале Сан Мигел и живописниот кварт Ел Бахондиљо нудат совршена комбинација од релаксација, забава и автентичен андалузиски дух, што ги прави обете дестинации привлечни преку целата година.
Испловување во 19:00 часот.
Бродот плови кон Лисабон. Слободен ден за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 08:00 часот.
Лисабон лежи на ридовите кои ги опкружуваат реката Тежо и Атлански океан. Постојат многу споменици кои подсетуваат дека бил престолнина на моќните поморски сили: кула Белем, манастирот Св. Жеронимо, прекрасните плоштади Комерсио и Рестастурадорес, многу бројни цркви и палати на богатите трговци и сопственици на земјишта. Квартот Алфама, над кого се издигнува тврдината Св. Ѓорѓи, го задржал изгледот на средновековен град со тесни улички и со некои од најтесните згради на стариот континент. Спроти него се стрмните улици Бариа Алта и Сиадаса со голем број на галерии, театри, паркови и одлични ресторани. Се препорачува да се посети музејот Гилбенкијан и паркот на нациите.
Испловување во 18:00 часот.
Впловување во 13:00 часот.
Кадиз и припаѓа на Андалузија, но има свој ритам. Не е гламурозен како Севиља или преполн со туристи како Барселона. Животот овде е бавен, без брзање. Море, сонце, мирис на риба на скара, тесни улички, гитара во далечина и спонтани разговори на улица. Град кој не се труди да биде нешто друго е едноставно целосно свој. Кадиз е одличен спој на историја и опуштен начин на живот. Не е пренатрупан со туристи, но има се што ви треба за релаксирачки одмор од плажи, прекрасна архитектура и разновидна храна. Нејзиниот посебен шарм, музика и спонтани разговори на улица го прават толку шармантен и опуштен што човек би сакал да живее таму. Неговото тесно јадро, опкружено со море, создава чувство на затскриен остров, додека во исто време живиот дух и пријателските луѓе прават да се чувствувате како дома.
Испловување во 19:00 часот.
Бродот плови кон Лас Палмас. Слободен ден за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 13:00 часот.
Град со пријатна тропска клима и еден од водечките туристички дестинации во светот кој секоја година привлекува голем број на туристи. Лас Палмас е прогласен за град со "најдобрата клима во светот". Лас Палмас де Гран Канариа е ко-главен град (заедно со Санта Крус де Тенерифе) на Гран Канариа и е најголемо место на Канарските острови. Тој е денеска космополитски град кој може да ви ги задоволи сите желби.
Ако сакате да го збогатите патувањето истражувајте места во Parque Santa Catalina. Тоа е популарен трговски центар со бројни ресторани. Во зелената површина на Ciudad Jardinе се наоѓа Parque Doramas и познатото казино Santa Catalina. Во Pueblo Canariа ќе имате шанса да гледате народни танци и да уживате во менталитетот на локалното население.
Во центарот на градот има прекрасна катедрала Catedral de Santa Ana, музејот кој се наоѓа до катедралата, Diocesanon de Arte Sacro соработува со врвни уметници. Блиску е и Casa de Colon, резиденцијата на првиот гувернер, позната и како Куќата на Колумбо, во која престојувал и самиот Колумбо, за време на својот престој на Канарските остови на својот патот кон Америка. Уживајте во магичната природа на островот и интересната култура.
Испловување во 22:00 часот.
Впловување во 08:00 часот.
Санта Круз де Тенерифе е прекрасно пристаниште сместено во Тенерифе, најголемиот од западните острови во Канарскиот архипелаг. Околу неговото важно пристаниште се наоѓаат широки авении, плоштади и егзотични пејзажни области, како и некои прекрасни примери на модерна архитектура.
Санта Круз де Тенерифе, најголемиот град на островот Тенерифе, привлекува со своите прекрасни плажи, културни споменици и убави природни пејзажи. Познат е и по своите карневали, кои се сметаат за некои од најголемите во светот. Туристите можат да уживаат во богатството на традиционалната шпанска кујна и автентичниот амбиент на локалните ресторани.
Испловување во 18:00 часот.
Бродот плови кон Миндело. Слободни денови за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 08:00 часот.
Миндело е пристанишен град во северниот дел од островот Сао Висенте во Зелено 'Ртските Острови. Миндело е исто така седиште на парохијата Носа Сењора да Луз и општината Сао Висенте. Градот е дом на 93% од целото население на островот и е втор најнаселен град во Зелено 'Ртските Острови и најголем град на островите Барлавенто. Миндело се смета и за културна престолнина на Зелено 'Ртските Острови, позната по своите шарени и анимирани карневалски прослави, со корени во португалските традиции подоцна под влијание на бразилската култура.
Испловување во 18:00 часот
Бродот плови кон Масеио. Слободни денови за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 07:00 часот.
Градот Масејо во Бразил е познат по своите снежно бели плажи, кристално чисто море и вчудоневидувачка природа. Оваа дестинација е совршена за уживање во сонцето и активности на отворено како шетање, нуркање, пливање и и сурфање. Туристите можат и да го истражуваат обилното морско животно богатство преку нуркање со маска или во длабоки води со целосна опрема.
Испловување во 13:00 часот.
Впловување во 07:00 часот.
Салвадор де Баја или, како што се нарекува во целост, São Salvador da Baía de Todos os Santos, преведено како: Светиот Спасител на Заливот на сите светци е огромен град, трет по големина во Бразил. Неговата позиција е исклучителна, бидејќи е истовремено на моќниот Атлантик и во помирен залив. Салвадор е седиштето и местото на потекло на танцово-борбена вештина капуера, која од поранешна опасна боречка вештина се претворила во танц, во игра, а денес е пример за тоа како заедништвото, ритамот и движењето можат да го победат противникот.
Во Салвадор има мноштвото цркви - по една за секој ден од годината, цркви од различни период, како и храмови кои припаѓаат на десетици различни религии, групи, секти... Најстарата базилика Nosso Senhor do Bonfim (од средината на 14-тиот век) е најпознат по чудесните исцелувања.
Испловување во 13:00 часот.
Бродот плови кон Рио де Жанеиро. Слободен ден за уживање во содржините на бродот COSTA DIADEMA.
Впловување во 08:00 часот.
Рио де Жанеиро, градот на салсата и самбата, е дом на некои од најпознатите плажи во светот, вклучувајќи ја и Ипанема и Копакабана. Оваа културна метропола нуди богата историја, улична уметност и ноќен живот. Од друга страна, историските знаменитости како статуата на Христос Спасителот (висока 38 метри) која се наоѓа на 710 метри високата височинка
Корковадо и Стариот град, ги привлекуваат туристите за да ги истражат богатствата на градот. Од врвот на планината Шеќерна глава (Sugar Loaf Mountain), до кој се пристигнува со жичара имате поглед на целиот реон околу вас за 360`, воодушевувачки поглед кон зелените шуми, златните океански плажи и возбудливата метропола Рио де Жанеиро.
Испловување во 17:00 часот.
Впловување во 08:00 часот.
Симнување од брод и трансфер до Сао Паоло.
Сао Пауло, најголемиот град во Латинска Америка, е познат по својата динамична култура, изобилство на ресторани и шопинг центри, како и музеи и уметнички сцени. Градот нуди разновидни искуства за секој вкус.
Туристите можат да уживаат во разгледувањето на современата архитектура, културните изложби и живата музичка сцена. Најрепрезентативните туристички атракции на градот се паркот Ибирапуера (Ibirapuera), главната зелена површина, Обелискот, споменикот на Бандеирас, архитектонските дела на Оскар Нимаер, како што се Музејот на современа уметност (MAC) и Ока. Благородничките населби на Jardins, каде се истакнува архитектонскиот дизајн на хотелот Unique и традиционалната црква Nossa Senhora do Brasil, Vila Madalena каде што се наоѓа необичната и шарена Алеја на Бетмен (Beco do Batman), со нејзините мурали и графити. Симболичната Авенида Паулиста со импозантните згради Копан и Италија. Покрај Вале до Анхангабау, општинскиот театар, канцеларијата на Градското собрание, Pátio do Colégio, манастирот Сао Бенто и прекрасната Митрополитска катедрала. Сместување во хотел. Вечера во Fogo de Chao Jardins.
Ноќевање.
Појадок.
Напуштање на хотелот. Слободно време. Трансфер до аеродром во 14:00. Полетување во 17:10 часот (лет ТК216) за Истанбул.
Слетување во 11:45 по локално време во Истанбул. Полетување за Скопје во 20:15 (лет ТК 1005). Слетување во Скопје во 19:45.