Состанок на групата пред салата Борис Трајковски на 26.04 во 07: 30, поаѓање во 08:00. Патување во текот на денот и ноќните часови преку Србија, Хрватска, Словенија, со попатни паузи.
Пристигнување во Џенова во претпладневните часови.
Џенова е главниот град на областа Лигурија и шести најголем град во Италија со над 800.000 жители. Џенова е еден од најголемите Европски градови на Медитеранот и најголемо пристаниште во Италија. Ја нарекуваат “Горделива” заради нејзиното величествено минато. Впишана е на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2006 година. Нејзината богата историја а посебно уметноста, музиката и кујната придонесоа во 2004 година да стане Европска престолнина на културата. Џенова е родното место на Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Ѓузепе Мазини.
Џенова, која го формира јужниот агол на индустрискиот триаголник на северозападна Италија, Милано – Торино – Џенова, е еден од најголемите економски центри на државата. Градот е седиште на огромни бродоградилишта и челична индустрија од 19-тиот век, а неговиот финансиски сектор датира уште од средниот век. Банката на Сеинт Џорџ основана во 1407 година е помеѓу најстарите банки на светот и играла многу важна улога во просперитетот на градот уште од средината на 15-тиот век. Денес, голем број на водечките италијански компании имаат седиште токму тука, вклучувајќи ги и Selex ES, Ansaldo Energia, Ansaldo STS, Edoardo Raffinerie Garrone, Piaggio Aerospace и Costa Cruises.
Пријавување на бродот (чекирање). Испловување на бродот во 16.00 часот.
Пристигнување во Неапол во 13:00 часот. Разглед со нашиот водич (на Македонски јазик).
Неапол е еден од најстарите постојано населени градови во Европа. Основан е од грчки колонисти во VIII век п.н.е. под името Неаполис, што значи „Нов град“. Подоцна станал важен римски град, а низ вековите бил под власт на Византијците, Норманите, Анжујците, Арагонците, Шпанците и Бурбоните. Долго време бил главен град на Кралството Неапол и подоцна на Кралството на Двете Сицилии. Неапол (италијански: Napoli) е трет по големина град во Италија, по Рим и Милано.Се наоѓа на југот на Италија, на брегот на Тиренското Море, во Неаполскиот Залив. Има население од околу 900.000 жители, додека пошироката метрополитенска област брои повеќе милиони жители. За Неапол може да се каже дека е мајката на позната пица Маргарита, која за прв пат е токму создадена во Неапол. Над градот се издига вулканот Везув, еден од најпознатите активни вулкани во светот. Во 1995 година Историскиот центар на Неапол е впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО. Во градот се наоѓа едно од најстарите активни оперски театри во светот – Театар Сан Карло.
Што вреди да се види?
Кастел дел Ово – најстариот замок во градот, сместен покрај морето.
Кастел Нуово – симбол на Неапол.
Неаполска катедрала – посветена на свети Јануариј, заштитникот на градот.
Национален археолошки музеј на Неапол – еден од најбогатите музеи со римски и грчки артефакти.
Спаканаполи – позната улица што го дели стариот дел на градот.
Сан Грегорио Армено – прочуена по традиционалните рачно изработени божиќни фигури.
Испловување на бродот во 21:00
Пристигнување во Палермо во 09:00 часот.
Палермо е град на Јужна италија и главен град на автономниот регион Сицилија. Градот е значаен по својата историја, култура, архитектура и гастрономија. Неговото постоење датира од пред 2700 години. Сместен на северозапад на островот Сицилија веднаш до заливот Палермо на Тиренското море.
Градот е основан во 734-тата година пред новата ера од страна на Феникијците, потоа га запоседнале Картагените пред да стане дел од Римската република, потоа Римското Царство и Византиското царство низ повеќе од илјада години.
Од 831-та до 1072-та година градот бил под Арапско владение кога прв пат станал и главен град. По освојувањето од Норманите, Палермо станал главен град на ново кралство (од 1130 до 1816), Кралството Сицилија и главен град на Светата Римска Империја под Фредерик Втори и Конрад Четврти од Германија, Кралот на Римјаните. На крајот Сицилија се соединува со Кралството Неапол за да се формира Кралството на Две Сицилии се до Италијанското обединување во 1860 година.
Населението на урбаната зона на Палермо се проценува на околу 850.000 жители. Ги нарекуваат Палермитани или поетично Панормити. Јазици кои ги зборуваат жителите на Палермо се италијанскиот јазик, сицилијански јазик и палермитански дијалект.
Палермо е културен, економски и туристички центар на Сицилија. Град богат со историја, култура, уметност, музика и храна. Привлекува многубројни туристи поради добрата Медитеранска клима, реномирана кујна и ресторани, неговата Романеска, Готски и Барокни цркви, палати и згради како и ноќен живот и музика. Спомнавме дека Палермо е главен индустриски и комерцијален центар на Сицилија. Главните индустриски сектори ги вклучуваат туризмот, услугите, трговијата и агрикултурата. Постои меѓународен аеродром, и градот се вбројува меѓу најголемите градови на Медитеранот и една од најзначајните туристички дестинации на Италија и Европа. Тука се наоѓаат познатите атракции Араб-Норман Палермо и Катедралата на Кефалу и Монреале. Римскиот Католицизам е многу важен во палермитанската култура. Духовен Покровител на градот е Санта Росалиа чиј ден се слави на 15-ти Јули.
Испловување на бродот во 17:00 часот.
Пристигнување во Валета во 09:00 часот.
Валета е главниот град на Малта и најмалиот главен град во Европската Унија по површина. Се наоѓа на полуостров меѓу природните пристаништа Големото Пристаниште (Grand Harbour) и Марсамшет (Marsamxett Harbour). Градот е основан во 1566 година од витезите на Редот на Свети Јован, по Големата опсада на Малта, и го добил името по нивниот голем мајстор, Жан Паризо де ла Валет.
Валета е позната по својата барокна архитектура, масивните тврдини, палати, цркви и тесни улици. Во градот се наоѓаат значајни знаменитости како Катедралата Свети Јован, Градините Горна Барака и зградата на Парламентот на Малта. Поради својата исклучителна историска и културна вредност, историскиот центар на Валета е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година. Денес Валета е политички, административен и културен центар на Малта. Иако има население од околу 5.000 жители, градот секојдневно го посетуваат голем број туристи и работници, што го прави едно од најживите места во земјата
Испловување на бродот во 17: 00 часот.
Впловување во Барселона во 08:00.
Прекрасниот главен град на Каталонија, Барселона, е град полн со чуда, град кој навистина има што да понуди и нема да ве остави рамнодушни. Барселона е и втор по големина град во Шпанија. Денес тој е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство.
Предлагаме факултативен разглед на Барселона.
Најстариот кварт на Барселона, Barrio Gotico, е еден од најубавите делови на Барселона. Овој историски дел од градот содржи некои од најзначајните споменици и архитектонски чуда, како што се римските ѕидини и средновековната еврејска населба.
На оваа локација се наоѓа готската катедрала, Catedral de la Santa Creu и Santa Eulàlia, која датира од периодот помеѓу 13-тиот и 15-тиот век. Плаца Рејал (Placa Reial) е еден од најубавите плоштади во готскиот кварт.
Меѓу најпопуларните атракции кои можат да се посетат во Барселона се и незаобиколната Саграда Фамилија (Sagrada Familia), ремек дело дизајнирано од Антони Гауди, и светско наследство на УНЕСКО. Куќата на коските (Casa Batllo), уште едно ремек дело на познатиот Антони Гауди кој ја отелотворува фантазијата како со внатрешниот дизајн така и со интригантната фасада. Магичната фонтана Монжуик (Montjuic), симфонија на вода и светлина. Булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, зелената авенија Рамбла (La Rambla) која започнува на централниот плоштад Плаца Каталуња и завршува кај споменикот Колумбо, местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност, Плажата Барселонета, Шпанското село.
Испловување на бродот во 18.00 часот.
Пристигнување во Марсеј во 08:00.
Разглед со нашиот водич (на Македонски јазик).
Марсеј е главен град на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во Франција. Сместен на јужниот брег на Франција претставува втор најголем град во Франција по број на жители (850.000).
Нарекуван од старите Грци и Римјани Масалиа, Марсеј бил најзначаен трговски центар во регионот и главно пристаниште на Француското Царство. Денес Марсеј е најголем француски град на Медитеранот и најголемо комерцијално, товарно и крузерско пристаниште. Градот беше Европски Културен Центар во 2013 година. Беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2016 година и ќе биде Европски Центар на Спортот во 2017 година. Градот е седиште на неколку кампуси на Универзитетот Aix-Marseille. Во античко време, основан од Хелени, Масалиа станала едно од најважните трговски центри во светот. Во тоа време бил аристократска република и драхмите кои биле ковани во Масалиа во тоа време можеле да се најдат низ целиот Медитеран. Градот бил дом на познатиот грчки математичар, навигатор и астроном Питеас. Градот служел како алка на поврзување помеѓу Галија која побарувала римски производи и вино и Рим кој имал потреба од робови. По Римската Граѓанска војна Марсеј потпаднал под Римска власт. По распадот на Римското Царство економскиот просперитет на Марсеј продолжил се до неговото освојување од страна на франкскиот водач Шарл Мартел. Потоа следеле 2 века на постојани напади од Грци и Сарацени при што градот често пати бил разрушуван. По 10-тиот век градот бил под власт на грофовите од Прованса и повторно се издигнал. Во 1348-та година Марсеј го зафатила црната чума која покосила 15 000 од тогашните 25 000 жители. Наскоро градот се опоравил и во 15-тиот век бил присоединет кон Франција. Низ 18-тиот век одбрамбените капацитети на градот биле значително зајакнати и Марсеј станал главното Француско воено пристаниште на Медитеранот. Во 1720-тата година Големата Чума на Марсеј го зафатила градот – последната пандемија од овој вид во Европа која одзела 100.000 животи во овој регион. Локалната популација ентузијастички ја прифатила Француската Револуција и испратила 500 доброволци во Париз во 1792-та година за да ја бранат револуционерната власт. Нивната револуционерна песна, пеена додека марширале кон Париз била позната како Марсељеза која денес е химна на Франција. Благодарение на јакнењето на Француската Империја, Марсеј доживеал значителен подем особено со отворањето на Суецкиот канал во 1869-тата година. Во меѓувоениот период Марсеј бил познат по силните криминални организации кои оперирале во градот и околината. Во втората Светска војна градот бил бомбардиран од Германците и Италијаните и бил окупиран во ноември 1942-та година. 4000 Евреи биле уапсени и испратени во камповите во Полска во акцијата наречена Тигар. Старото пристаниште било уништено од Германците во
1943-тата година. Марсеј бил ослободен на 29 Август 1944 година од страна на 130.000 француски трупи. По војната поголемиот дел од градот бил обновен во текот на 1950-тите години. Владите на источна и Западна Германија како и Италија платиле огромни репарации на градот за претрпените штети во војната. По 1950-тата година пристаништето служело како влез на голем број на мигранти од Африка во Франција. Многу емигранти особено Алжирци останале во градот каде што формирале француско афрички кварт со голем пазар.
Испловување на бродот во 16.00 часот.
Впловување во Џенова во 07:00.
Симнување од бродот. Поаѓање за Скопје. Попатно застанување во Новента ди Пјаве, еден од најголемите дизјнерски аутлети. Продолжување на патот кон Скопје со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.