Ден | Датум | Пристаниште | Пристигнување | Заминување |
Среда | 02/04/2025 | Tokyo, Japan | – | 19:00 |
Четврток | 03/04/2025 | Osaka, Japan | 18:00 | 23:59 |
Петок | 04/04/2025 | Osaka, Japan | 00:01 | 18:00 |
Сабота | 05/04/2025 | Day at sea | – | – |
Недела | 06/04/2025 | Gangjeong, Korea | 09:00 | 18:00 |
Понеделник | 07/04/2025 | Day at sea | – | – |
Вторник | 08/04/2025 | Kanazawa, Japan | 08:00 | 17:00 |
Среда | 09/04/2025 | Akita, Japan | 09:00 | 18:00 |
Четврток | 10/04/2025 | Hakodate, Japan | 08:00 | 18:00 |
Петок | 11/04/2025 | Day at sea | – | – |
Сабота | 12/04/2025 | Tokyo, Japan | 05:30 | – |
ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА-КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)
Дата на поаѓање | Услуга | Цена во балконска кабина по лице |
31 Март 2025 | FB
(Полн пансион) |
4.900,00 € |
3-то и 4-то возрасно лице над 18 години има попуст од 400,00 €
Деца до 18 години имаат попуст од 1.300,00 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Скопје Истанбул Токио Haneda (Turkish airlines) – Токио Narita Истанбул Скопје (Turkish airlines)
- Багаж: Рачен багаж 8кг + чекиран багаж 2 x 23кг
- Пристанишни такси 200 € по лице
- Напојници на бродот 170 € по лице
- Ноќевање со појадок во хотел во Токио и еден целодневен разглед
- Сместување во двокреветни балконски кабини на MSC Bellissima на база Full board (појадок, ручек, вечера и закуски)
- Сите трансфери според програмата
- Лиценциран пратител од Скопје
- Организација на патувањето
- Факултативни излети – 460 € по лице (Токио, Осака 2 дена, Каназава, Акита, Хакодате, Жежу)
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување
- Шатл бус на местата каде бродот е усидрен подалеку од центарот на градот
- Пијалоци на бродот
Ден / Место | Програма на патување |
1.ден (31.03/01.04.2025)
СКОПЈЕ – ТОКИО |
Состанок на групата на аеродром Скопје во 17:20 часот. Полетување за Токио преку Истанбул во 20:20 часот. Слетување во Токио во 19:20 часот на 01.04.2025.
По пасошките и царински формалности, тргнуваме кон хотелот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање. |
2. ден (02.04.2025)
Токио, качување на брод |
Токио
Појадок. Одјавување од хотелот. Организиран разглед на Токио. Трансфер до пристаништето каде се качуваме на нашиот брод MSC Bellissima. Tokyo (јапонски: 東京 To:kio, „Источна престолнина“) е главниот и најважниот град во Јапонија. Градот Tokyo бил основан во 1603 година а неговото прво име било Edo. Tokyo се наоѓа на островот Honshu, во регионот Kanto. Во самиот центар на градот живеат околу 12 милиони луѓе, а заедно со предградијата има околу 35 милиони жители, што го прави да биде мегалополис. Tokyo има многу музеи. Во паркот Ueno има четири национални музеи. Токискиот национален музеј, најголемиот музеј во земјата кој е специјализиран за традиционална јапонска уметност, Национален музеј на западна уметност и Токиски национален музеј на современата уметност, со својата збирка на јапонска современа уметност исто така и збирка од над 40.000 јапонски и странски филмови. Исто така во паркот Ueno се наоѓа и првата јапонска зоолошка градина Ueno Zoo. Други музеи се Музејот на уметност Nezu Museum Garden во Aoyama, историскиот музеј Edo Tokyo во Sumida-Ku спроти реката Sumida и Националниот архив, кои се саместени близу до Imperial Palace. Токио има многу театри. Тука се вбројуваат национални и приватни тетри за традиционален вид на јапонска драма (kabuki) вклучувајќи ги и модерните драми. Tokyo е домаќин на модерна јапонска и западна поп и рок-музика во сали од големина на локални клубови до меѓународно познати арени како што е Nippon Budocan. Многу различни фестивали има во Tokyo. Главни се Sano во Shrine, Sanya во Asakusa Shrine и биеналниот Kanda Festival. Штом ќе расцвета црешата, или sakura, распламнување на пролетта, голем број од жителите излегуваат во парковите Ueno, Inokashira и националната градина Shinjuku Gyoen на излет или прошетки. На територијата на Tokyo има и повеќе езера, реки, островчиња и национални паркови. Испловување во 19:00 часот. |
3. ден (03.04.2025)
Осака
|
18:00 – 23:59 Осака, Јапонија
Osaka (јапонски: 大阪市, Osaka-shi) — трет град по големина во Јапонија. Во срцето на подрачјето на Osaka е – Kobe – Kyoto, кои имаат околу 17,5 милиони жители. Во текот на денот од 9-17 часот станува втор град по големина , веднаш зад Tokyo. Градот Osaka некогаш бил стопански центар на Јапонија. Денес оваа улога ја пезел Tokyo. Овој град во минатото се викал Naniwa. Царот Kotoku ја претворил Osaka во престолнина. Централна Osaka е грубо поделена на централни области познати како Kita (キタ, „север“) и Minami (ミナミ, „југ“). Kita е главен бизнис и малопродажен центар со голема подземна мрежа на трговски арки. Kita и блиската Nakanoshima содржат истакнат дел од градските облакодери и често се прикажани на фотографиите од хоризонтот на Osaka. Добро познатите области овде ги вклучуваат трговските области Namba и Shinsaibashi, забавната зона на каналот Dotonbori, Nipponbashi Denden Town, како и областите ориентирани кон уметноста и модната култура како America-mura и Horie. 300 метри високиот Abeno Harukas беше највисокиот облакодер во земјата од 2014 до 2023 година. Во деловните области помеѓу Kita и Minami, како што се Honmachi и Yodoyabashi, наречени Semba (船場), сместени се регионални централи на многу големи банки и корпорации. Булеварот Midōsuji минува низ Semba и ги поврзува Kita и Minami. |
4.ден (04.04.2025)
Осака
|
00:01 – 18:00 Осака
Понатаму јужно од Minami се населби како што се Shinsekai (со својата кула Tsutenkaku), Tennoji и Abeno (со зоолошката градина Tennoji, храмот Shitennoji и Abeno Harukas) и сиромашните квартови од кои Kamagasaki е најголемиот сиромашни кварт во Јапонија. Западната страна на градот е истакната област на заливот што служи како негово главно пристаниште, како и туристичка дестинација со атракции како што се куполата Kyocera, Universal Studios Japan и 112 метра високото тркало Tempozan во близина на аквариумот Kaiyukan. Higashiosaka е зониран како посебен град, а источната страна на самиот град Osaka содржи бројни станбени населби, вклучувајќи го Tsurusashi Korea Town, како и Osaka Castle Park, Osaka Business Park (OBP) и Kyobashi Station. Во Osaka има бројни урбани канали и мостови. Фразата „808 мостови на Naniva“ бил израз во стара Јапонија што се користела за да укаже на импресивност и „неброеност“. Osaka броела приближно 200 мостови до периодот Edo и 1.629 мостови до 1925 година. Бидејќи многу од градските канали постепено биле пополнети, бројот се намалил на 872, од кои 760 моментално се управувани од Osaka City.
Испловување во 18:00 часот. |
5. ден (05.04.2025)
Пловидба |
Ден за пловидба на отворено море. Уживајте во содржините на бродот Белисима.
|
6. ден (06.04.2025)
Гангјеонг, Ј. Кореја
|
09:00 – 18.00 Гангјеонг, Јужна Кореја
Gangjeong, островот Jeju, Јужна Кореја е популарно пристаниште за туристите кои се на кртсарење. Бродовите за крстарење често застануваат на островот Jeju, што го прави одлично пристаниште за оние кои сакаат да ја истражат областа. Тој нуди различни активности и атракции, вклучувајќи плажи, спортови на вода, пешачење и културни места. Островот е познат и по прекрасните пејсажи и уникатната култура. Островот Jeju, е познат по својата неверојатна природна убавина и активности на отворено. Посетителите можат да ги истражуваат бујните шуми во областа, грубото крајбрежје и живописните плажи. Исто така, има многу можности за пешачење, велосипедизам и кампување. За оние кои бараат поавантуристичко искуство, Gangjeong е познат и по водените спортови, како што се кајак и нуркање. Во оваа областа има и различни културни атракции, вклучувајќи ги традиционалните села, музеи и споменици. Во Gangjeong патниците на крстарењето можат да ги посетат многуте музеи, галерии и културни места. Во областа се одржуваат различни традиционални фестивали и настани, како што се фестивалот на огнот Jeju и фестивалот на коњот Jeju. Испловување во 18:00 часот. |
7. ден (07.04.2025)
Пловидба |
Ден за пловидба и уживање во содржините на бродот.
|
8. ден (08.04.2025)
Каназава, Јапонија |
08:00 – 17:00 Каназава, Јапонија
Kanazawa (金沢市, Kanazawa-shi) е главен град на префектурата Ishikawa во централна Јапонија. Името „Kanazawa“ (金沢, 金澤), буквално значи „златно мочуриште“. Областа каде што се наоѓа Kanazawa првично била позната како Ishiura, чие име е зачувано во светилиштето Ishiura во близина на Kenrokuen . Тој е еден од ретките големи јапонски градови кои биле поштедени од уништување на воздушните напади за време на Втората светска војна, и како резултат на тоа, голем дел од значителното архитектонско наследство на Kanazawa е зачувано. Градината Kenrokuen е убедливо најпознатиот дел на градот. Првично изградена како надворешна градина на замокот Kanazawa, таа била отворена за јавноста во 1875 година. Се смета за една од „трите големи градини на Јапонија“ и е исполнета со различни дрвја, езерца, водопади и цвеќиња кои се протегаат на 25 хектари. Во зима, паркот е познат по своите yukitsuri – јажиња прикачени во конусна низа на дрвјата за да ги поддржат гранките под тежината на силниот влажен снег, а со тоа да ги заштитат дрвјата од оштетување. Храмот Oyama-jinja, кој се смета за важен културен имот, е исто така во Kanazawa. Забележан е по својата импозантна трикатна порта Shinmon, изградена во 1875 година, со своите витражи во светли бои. Храмот Myoryuji во Kanazawa , познат и како Ninja – dera (Храмот на Нинџа) е спој на традиционалната храмска архитектура, скриени врати, премини и скриени патишта за бегство. Локалната легенда вели дека храмот, со своите скриени врати и премини, бил наменет како тајно засолниште за локалните владетели во случај на надворешна закана. Светилиштето Toyokuni, светилиштето Utatsu (a Tenman-gu) и светилиштето Atago, познати заедно како Три светилишта на планината Utatsu.
Испловување во 17:00 часот. |
9.ден (09.04.2025)
Акита, Јапонија |
09:00 – 18:00 Акита, Јапонија
Akita (јапонски: 秋田市, Hepburn: Akitashi) е главен град на префектурата Akita. Akita, 秋田, што значи есенски ориз, е познат по одгледувањето ориз и неговите пиварници. Добро е познато по тоа што има најголема потрошувачка на саке во Јапонија. Се смета дека од тука потекнува расата на кучиња Akita што го носи името на префектурата. Жените од регионот, наречени Akita bijin (秋田美人, „убавините на Акита“), исто така се здобија со широко распространета слава поради нивната бела кожа, заоблени лица и високи гласови. Познат пример на Akita bijin била Ono no Komachi јапонска vaka поетеса, од раниот период Hejan. Таа била позната по својата необична убавина, а Komachi и денес е синоним за женска убавина во Јапонија. Во близина на езерото Tazawa, има голем број одморалишта со топли извори кои се популарни кај туристите од цела Јапонија. Покрај тоа, бројните сезонски фестивали (matsuri) нудат поглед на рурална или традиционална Јапонија. Некои познати примери се Akita Kanto, огнометот Omagari, фестивалот Yokote Kamakura, како и ритуалот Namahage во Oga кој на новогодишната ноќ привлекува голем број туристи во префектурата Акита. Kakunodate, познат како малиот Kyoto, има многу зачувани куќи на самураи. Куќата Aoyagi е поранешна резиденција на Odano Naotake, кој го илустрираше првиот модерен јапонски водич за човечката анатомија. Куќата сега е музеј и галерија на медицински илустрации и традиционални занаети.
Испловување во 18:00 часот. |
10. ден (10.04.2025)
Хакодате, Јапонија |
08:00 – 18:00 Хакoдате, Јапонија
Hakodate (函館市, Hakodate-shi) (порано напишано како Hakodadi) е град и пристаниште лоциран во потпрефектурата Oshima, Hokkaido, Јапонија. Тој е главен град на потпрефектурата Oshima. Во Funami-cho се наоѓа храмот Koryu-ji. Тоа е најстариот будистички храм (поврзан со училиштето Soto) во регионот кој бил изграден во 1633 година. Тој бил тешко оштетен за време на Бошинската војна и се преселил на сегашната локација во 1879 година. Постоечката главна зграда била изградена во 1900 година. Секоја година (август) градот се собира за фестивалот на пристаништето Hakodate. Многу граѓани се собираат на улиците за да танцуваат танц познат како Ika-odori (Танц на лигњи), чие име соодветно го опишува танцот. Светлата на чамците што ловат лигњи може да се видат во водите што го опкружуваат градот. Градот е добро познат по морска храна и суши. Рибниот пазар (инаку познат како Asaichi или Утринскиот пазар) е oтворен секој ден и има стотици штандови за риби и морска храна. Популарните цени вклучуваат морски еж и каламари, познатиот јапонски снежен рак од познатите води на Hokkaido. Други знаменитости на градот се и храмот Hakodate Hachiman, жичницата на планината Hakodate, Градскиот музеј, Градскиот музеј за литературата, Градскиот музеј Hakodate на северните народи, Музејот на уметноста, културниот центар Hakodate Jomon. Испловување во 18:00 часот. |
11. ден (11.04.2025)
Пловидба |
Ден за пловидба и уживање во содржините на бродот. |
12. ден (12.04.2025)
Токио, Јапонија |
05:30 Токио, Јапонија
Бродот пристигнува во 05:30, симнување од брод. Трансфер од пристаниште до аеродром. Полетување за Истанбул во 10:35. Слетување во Скопје во 19:30. |
СМЕСТУВАЊЕ: Брод МСЦ Белисима. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА: За реализација на ова патување е потребен минимум од 15 патници.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК: До 30 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.
- Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
- Цената на факултативните излети и трансфер автобусите може да варира до самото поаѓање на бродот.
- Организатор на ова патување е Ел Мундо, Скопје.
- Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најава.
- Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева.
- Важат општите услови на патување на Ел Мундо и СКТМ.
ЕЛ МУНДО
Бул Партизански одреди 62А
02/305 17 48